По повод 115 години од формирањето на првата востаничка чета во охридско, утревечер во атарот на манастирот „Света Петка“ – Велгошти ќе се одржи пригодна свеченост, во организација на МК на ВМРО -ДПМНЕ од Велгошти. Свежо цвеќе ќе положат претставници на МК на ВМРО–ДПМНЕ – Велгошти.
Најголем успех на Охридската револуциoнерна организација е формирањето на револуционерната чета. Свечениот чин се одиграл во манастирот Света Петка, во Велгошти на 6 јули 1901 година. Тој факт сам по себе многу зборува. Формирањето на четата во Света Петка не е само поради блискоста до Охрид, туку и поради приврзаноста на Велгоштани кон делото на Организацијата.
Во чест на 80-годишнината од формирањето на првата Охридска револуционерна чета, во манастирот Света Петка 22. XII 1981 година Месната заедница од с. Велгошти откри спомен-плоча.
Инаку на формирањето на четата присуствувале: Христо Узунов, мајката на Христо Узунов, Наум Цветинов, Андреј Христов, Наум Златарев и Никола Костојчинов.
Велгоштани ги покануваат сите заинтересирани да присуствуваат на заедничко чествување на денот (о7.07.2016 год.) во манастирот Св.Петка, во 20:00 часот.
WebOhrid