Воениот оркестар ја започна манифестацијата „Музичко лето“

Со перформансот одржан во сабота, 2 јули, од платото пред Музејот на македонската борба до плоштадот „Македонија“ во Скопје, започна да се реализира манифестацијата „Музичко лето со Воениот оркестар“, организирана од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија.

Несекојдневниот настап на Воениот оркестар, кој е единствен во Република Македонија, привлече голем број граѓани на главниот град. Истиот ќе имаат можност да го видат и граѓаните на Велес, Дојран, Битола, Прилеп, Крушево, Охрид, Струга и Куманово.

IMG_7401_

Воениот оркестар е дел од Баталјонот за почести кој е основан на темелите на Првата Гардиска Бригада која е формирана по осамостојувањето на Република Македонија на ден 26.03.1992 година во касарната „Илинден“, а по заминувањето на тогашната Југословенска Народна Армија и формирање на Армијата на Република Македонија. На ден 22.07.2002 година официјално почна да функционира Гардискиот баталјон за почести и опслужување, со трансформација од ден 01.03.2006 година функционира како Баталјон за почести и опслужување, а со трансформација на АРМ од ден 01.04.2012 година функционира како Баталјон за почести.

3