Борбата за нови работни места продолжува. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски денеска беа во посета на Куманово, каде го означија почетокот на караванот „Македонија вработува 2“.
Борбата за нои работни места продолжува. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Агенцијата за врабвотување на Република Македонија Влатко Поповски денеска беа во посета на Куманово, каде го означија почетокот на караванот „Македонија вработува 2“.
„Иако е лето напорно работиме и продолжуваме со реализација на проектите кои што се од значаен интерес на граѓаните на Република Македонија. Пред само неколку дена започна со реализација проектот „Македонија вработува 2“ кој што беше прифатен од пошироката јавност, пред се од социјалните партнери, од репрезантативните синдикати во Република Македонија, од организациите на работодавачи и од експертската јавност, меѓутоа најбитно и од приватниот сектор кој што ги користеше бенефитите кои што ги нуди проектот „Македонија вработува“. За нас од особена важност е транспарентноста, односно доближувањето на условите, начинот за аплицирање, критериумите, групите на невработени лица кои што ги опфаќа проектот „Македонија вработува 2“, да ги доближиме до што е можно повеќе граѓани, до што е можно повеќе компании. Токму заради тоа од денес започнува караванот „Македонија вработува 2“ од Куманово и во наредните три месеци ќе продолжиме со посета на сите општини низ Македонија, на сите населени места, исто така ќе продолжиме со директна и непосредна комуникација и презентација на мерките, на поволностите, на можностите, на бенефитите кои што ги нуди проектот „Македонија Вработува 2“ до граѓаните на Република Македонија, меѓутоа и пред се до приватните компании, со директни средби со граѓаните, со директни посети кај приватните компании да ги понудиме можностите кои што ги нуди овој проект, да ги образложиме бенефитите и користа што ќе ја имаат од користење на проектот, затоа што за нас секое ново отворено работно место е важно“, рече Спасов.
Тој посочи дека првиот дел на проектот во текот на изминатата година помогнал да се отворат голем број работни места, истиот, како што рече, е огромна поддршка на македонската економија, на приватниот сектор, а со него им се помага на невработените граѓани кои што влегуваат во овој проект побрзо да стигнат до своето работно место.
„Колку повеќе ги доближиме можностите кои што ги нуди проектот „Македонија Вработува“, толку повеќе работни места ќе се отворат, толку на повеќе луѓе ќе помогнеме во наредниот период“, рече Спасов.
Во одговор на новинарско прашање за тоа какви се очекувањата за тоа како ќе влијае овој проект во општина Куманово, Спасов рече:
„Изминатиот период многу пати доаѓав во посети на приватни компании во Куманово и во голем број на општини на нашата држава, проектот Македонија вработува помогна на над 480 приватни компании да го зголемат бројот на нови работни места. Во Куманово за само една година се отворија нови 911 работни места преку проектот „Македонија вработува 1“ и оттука сметам дека и понатаму овој проект ќе продолжи да им помага на компаниите од Куманово, меѓутоа пред се на невработените лица кои што бараат работа побрзо да стигнат до посакуваното работно место“, рече тој.
Директорот на АВРМ, Влатко Поповски нагласи дека проектот „Македонија вработува 2“ веќе е во оперативна фаза и дека секоја компанија која што има можности да вработува, има потреба да вработува лица, може веќе да го отпочне тоа, бидејќи системот навреме е подготвен.
Спасов ја искористи можноста и им честита на вработените во Агенцијата за вработување на Република Македонија за посветеноста во презентацијата на овој проект и во нудење на можностите кои што ги нуди државата за отворање на нови работни места во Република Македонија.
„За почеток треба да поседуваат потврда од УЈП за платени даноци, придонеси, значи јавни давачки и веднаш во истиот момент може да се реализира самото вработување. Нашиот систем е спремен, така што секоја компанија која има потреба да вработува може да го отпочне сето тоа. Мора да нагласам дека пресечниот датум е 12-ти мај 2016-та од кој што го земаме бројот на вработени кои што се во таа компанија. Така што по овој период доколку има намалување може да биде само по основ природен одлив, значи тоа се двата основни случаи во делот каде што се починат работници или пен зионирани, секое друго намалување ќе се смета дека го намалиле вкупниот број на вработени. Компаниите кои што се во оваа таргет група, над 35 илјади компании се известени преку имеил алатката која што ја поседуваме,“ рече Поповски.
Тој напомена дека Македонија вработува може да се комбинира и со другите мерки што се достапни, како што се мерките практиканство или обука кај познат работодавач. Како што напомена, и за оние што допрва ќе отворат фирма и сакаат да се самовработат проектот „Македонија вработува“ исто така ќе важи и може да го искористат од 3 до пет години, во зависност од нивната возраст.
Директорот на Канцеларијата на Агенцијата за вработување во Куманово Милорад Тренчевски посочи дека проектот „Македонија вработува“ дал свој придонес во намалувањето на невработеноста во општина Куманово. Тој информира дека во моментов бројката на активни баратели изнесува 10.010 и околу 8.992 лица кои пасивно бараат вработување.
Според него успешноста на проектот „Македонија вработува 1“ дава оптимизам дека продолжението на оваа мерка ќе даде уште поголем придонес во намалувањето на невработеноста во Куманово.