Се уредува дел од Туристичка кај влезот на градот

Активностите за уредување на градот се одвиваат со несмален интензитет. Општина Охрид во соработка со Јавните претпријатија, започна со активности за уредување на дел од Булеварот Туристичка на влезот од Охрид.

ureduvanje_vlez_4003

На овој потег се врши отстранување на оштетените браници, а на нивно место се поставува соодветно зеленило, а просторот хортикултурно ќе се уреди.

ureduvanje_vlez_4002

По завршувањето на активностите, овој дел ќе добие уреден изглед соодветен за туристички град.

ureduvanje_vlez_4001