Бакрачески: Програмата за времени објекти е во интерес на Охрид

Точката од педесет и седмата седница на градскиот совет, за усвојување на Програма за поставување на времени објекти, разбирливо предизвика најмногу внимание на денешното заседание. Градоначалникот Никола Бакрачески по дебатата на советниците го изнесе ставот во врска со ова прашање:

„Добро е што имаме можност да чуеме што мисли опозицијата по ова прашање. Нивните критики и гледишта за недонесувањето на оваа програма, проблем, кој трисетина години се провлекува и се одложува да се регулира, а кој морало до сега да биде решен. Драго ми е што денес граѓаните имаа можност да чујат кој е на страната на редот, на страната на општиот интерес, иако тоа можеби ќе го намали политичкиот рејтинг на мнозинството во советот. На другата страна имате политички концепт, без разлика на тоа какви се политичките говори на говорницата, едно е јасно, тие се борат за заштита на личните интереси на поединци, засегнати од носењето на програмата. Морам да потсетам дека носењето на ваквата програма е законска обврска на секоја единица на локалната самоуправа во Република Македонија и навистина не знам како опозицијата ќе гласа против ваквата одлука, без разлика на нивните долги образложенија. Би истакнал дека е добро што доаѓа до вакви ситуации за граѓаните да имаат можност да ги видат и чујат не само различните иделошки концепти туку и да се покаже јасна дистинкција помеѓу две групи во советот “– истакна Бакрачески.