Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,81%.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 2,00 ден/лит, односно за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 27.06.2016 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, додека малопродажната цена а на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)се намалуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 27.06.2016 година и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 49,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 37,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,125 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 27.06.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 22,913 ден/кг.