Министерството за надворешни работи соопшти дека континуирано ја следи состојбата во Турција и е во постојан контакт со Амбасадата на Република Македонија во Анкара и Генералениот конзулат во Истанбул.
Од МНР ги известуваат сите македонски граѓани кои се наоѓаат во овој момент во Турција да останат на безбедни локации, да не ги напуштаат хотелите и објектите каде што се сместени и да избегнуваат собири на јавни локации.
„За сите прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Турција, молиме да се обратите на отворените телефони во нашите дипломатско-конзуларни претставништва во Анкара и Истанбул или во Министерството за надворешни работи“, се вели во соопштението од МВР.
Извор: meta.mk