Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“, заедно со еколошкото здружение „Еко свест“ денеска е дел од програмата на Д-Фестивал во Дојран.
Од „Охрид СОС“ ќе презентираат кратки документарни филмови за последиците од инфраструктурни објекти во заштитени зони. Исто така, ќе го презентираат Смарт Охрид – концептот за одржлив транспорт во Охрид и галерија од фотографии со еколошки катастрофи низ светот предизвикани од рудници како би ја информирале јавноста за катaстрофата што го чека Огражден.
„Ќе имаме време и за дискусија. Ќе има и книга за посетители каде ве каниме сите да си оставите коментари за планираните проекти и/или да ни кажете зошто го сакате Охридско Езеро“, најавуваат од Охрид СОС.
Извор: meta.mk