Утревечер, со почеток во 21:00 часот во културно-информативниот центар „Култура 365“ во Охрид ќе се одржи средба со италијанската уметница Мануела Капраро – Аналеута.
Мануела Капраро е уметница од Италија која живее и работи во Лондон. Дипломирала ликовни уметности на Универзитетот „Ла Сапиенца“ во Рим. Има десетгодишно искуство како сликарка, исто како и многубројни изложби во Берлин, Амстердам, Мајами, Рим, но и самостојни изложби во Лондон.
Мануела применува модерна уметност. Постојано трага по нови стилови и го проширува влијанието и инспирацијата од арапската култура создавајќи нов мост на нејзиниот веќе познат стил на геометриски дизајни („Патот на Грција е Африка“ – “La via della Grecia e Africa”) со нов поглед на светот како цвет („Патот на Персија и Индија и Кина“ – “La via della Persia e India e Cina”).
Мануела работи како слободна уметница при FineArt4Kids успевајќи да ја спои својата страст за уметноста со љубовта кон децата и вели дека „FineArt4Kids е место каде фантазијата, страста, упорноста и емоциите се испреплетуваат со професионалноста“.