Пронајдено тело во распаѓање во куќа во Охрид

Вчера околу 20:15 часот телефонски во СВР-Охрид, И.М. (38) од Охрид пријавил дека од куќата на Б.Ѓ. (81) во нас.Чекоштина,Охрид, се чувствувала непријатна миризба.

По консултација со Јавен обвинител полициски службеници извршиле насилно отварање на влезната врата од куќата, при што во внатрешноста било пронајдено телото на Б.Ѓ. во фаза на распаѓање. Екипа на Итна медицинска помош излегла на местото на настанот. Увид извршила екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот ќе биде дадено на обдукција.