Жбогар ќе го наследи Орав

Поранешниот шеф на словенечката дипломатија, Самуел Жбогар најверојатно ќе биде новиот евроамбасадор во Македонија, дознава „Мета“.

Сепак, официјалното назначување на Жбогар, кој во моментов е специјален претставник на ЕУ на Косово нема да биде пред 15 август, кога Брисел ќе ги соопшти сите евроамбасадори во земјите од Балканот и поширокиот регион.

Жбогар, кој во својата 22-годишна дипломатска кариера е вклучен во сите дипломатски активности на Словенија, официјално би ја преземал амбасадорската функција на 1 септември.

Извор: meta.mk