СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.М. (29) и Р.М. (25), двајцата од Р Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На 04.07.2016 година, во Охрид во кафе бар пријавените под дејство на алкохол дошле во конфликт со вработените во кафе барот, а откако пристигнале полициски службеници пријавените физички ги нападнале удирајќи ги со раце по телата нанесувајќи им видливи повреди. Судија на претходна постапка на пријавените им одреди мерка притвор во траење од по 30 денови.