Соопштение за кандидатите за полагање ловечки испит на 25 мај

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека на ден 25.05.2016 (среда) година, согласно Законот за ловство – член 58 и 58-з закажа полагање на ловечки испит.

Полагањето на ловечкиот испит ќе се одржи во просториите на испитниот центар „АСЕКО” ул. Христо Смирненски” бр.30, Скопје (позади Универзална Сала). На ловечкиот испит ќе бидат повикани 120 кандидати.

Списокот со кандидатите за полагање на ловечкиот испит за 25.05.2016 година е објавен на веб-страната на МЗШВ www.mzsv.gov.mk/

Списоците со кандидати за полагање се наоѓаат во додатоците за преземање.

Право за полагање имаат само кандидатите кои се објавени на списоците на веб-страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Кандидатите задолжително со себе да понесат документ за идентификација (лична карта или пасош).
Додаток за превземање:

Извештај_за_пријавени_кандидати_20160519-1205 (1).pdf
Извештај_за_пријавени_кандидати_20160519-1205 (2).pdf
Извештај_за_пријавени_кандидати_20160519-1205 (3).pdf
Извештај_за_пријавени_кандидати_20160519-1205 (4).pdf

Фото: libertas.mk