Охрид се полни со гости, раздвижено низ охридската чаршија

Охриѓани и многу гости од земјата и странство вечерните часови ги користат за прошетка низ охридската чаршија, шеталиштата, летните бавчи во градот како и по кафулињата.

Во Охрид се одржуваат културни манифестации, концерти на балкански и светски познати имиња што дополнително ги привлекуваат туристите.

Се очекува викендов бројот на посетители во нашиот град значително да се зголеми.

WebOhrid