Концерт на Дино Мерлин на 23 јули во Охрид

Балканскиот пејач Дино Мерлин на 23ти јули ќе одржи голем концерт на градскиот стадион „Билјанини извори” во Охрид.

На концертот, тој ќе ги отпее своите најголеми хитови, како и песните од својот последен албум „Хотел Национал”, кој лани го промовираше и во Скопје.

Дино Мерлин во Охрид доаѓа после цели 7 години пауза. Доаѓа со желба и идеја охридскиот концерт да го сруши рекордот на посетеност во текот на целата оваа турнеја, и да биде единственото место што ќе собере повеќе од 25.000 публика.

13691131_1133020103424117_6563355652582540128_o