По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати премијата од 30.000 евра на машката сениорска репрезентација, за пласманот на Светското Првенство во Франција 2017. Македонија обезбеди „виза“ за Франција откако ја совлада репрезентацијата на Чешка во квалификацискиот двомеч.
Ова е петти обезбеден пласман на македонските машки сениори на Светските Првенства. Македонија претходно настапуваше на СП во Египет (1999), Хрватска (2009), Шпанија (2013) и Катар (2015).
На СП Франција 2017, Македонија ќе се натпреварува во групата Б, против Шпанија, Словенија, Исланд, Тунис и Ангола.