Започнува изградбата на пешачката патека до Билјанини извори

Општина Охрид започнува со изграбда на модерна пешачка и велосипедска патека, на потегот од бараките на „АД Трудбеник“ до „Билјанини извори“. Патеката ќе биде изградена од природни материјали (камени плочи и дрво), а ќе има и атрактивни содржини на малиот канал.

Заради непречено одвивање на градежните активности потребно е сопствениците на пловните објкети кои се наоѓаат на патеката да бидат отстранети. Општина Охрид ги известува сопствениците на пловни објекти веднаш да ги дислоцираат. Доколку сопствениците тоа не го направат, пловните објекти (кајчиња), ќе бидат дислоцирани, а трошоците ќе паднат на терет на сопствениците.

kanal_4001