СВР Охрид поднесе кривична пријава против У.В. (33) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.
Во август 2015 година, на локалниот пат кон с.Лескоец од страна на полициски службеници при контрола на возило во кое бил пријавениот и уште три лица пронајдена е 3,08 грама марихуана и 0,65 грама мешавина на тутун и марихуана.