Вечерва на програмата на фестивалот Охридско лето во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 20:00 часот ќе има Проекција на филмот „Среќна Нова 49-та“ во продукција на Вардар Филм Скопје.
Филмот ја раскажува приказната за двајца браќа со различна идеологија и верувања. Драмата се случува во атмосфера на тензија и страв, за време на конфликтот помеѓу Комунистичката партија на Југославија и сталинизмот.
Добитник е на многу награди: Гран при, Голема златна арена за најдобар филм 1986 ФЈИФ, Пула; „Златна арена“ за најдобро сценарио на Гордан Михиќ 1986 ФЈИФ, Пула; „Златен гладијатор“, награда на југословенската филмска академија за Столе Попов 1986 ФФ, Ниш.
Филмот е снимен во 1986 година, во режија на Столе Попов, а во него играат актерите Петар Арсовски, Мите Грозданов, Александар Ѓорчев, Мето Јовановски, Светозар Цветковиќ, Душко Костовски и други.