Вардар елиминиран од Динамо Загреб

Вардар е елиминиран од евро-сцената оваа сезона, откако претрпе пораз од Динамо Загреб со вкупни 5:3, односно 2:1 на првиот дуел во Скопје и 3:2 на денешниот повратен дуел во Загреб.

Вардар прикажа солидна игра и во првиот дуел, а особено во денешниот кога на два пати беше во водство. На крајот, пресудни беа двата досудени пенали во корист на Динамо.

WebOhrid