Утрово во 02:38 часот во ЕИК, Т.В. пријавила дека, кај фонтаната во Градскиот парк Скопје, им пришло непознато машко лице кое побарало да му повикаат Итна медицинска помош бидејќи бил повреден во грбот и многу крварел, а кој бил нападнат од три непознати лица.
По преземени мерки било утврдено дека повреденото лице е И.М. (22) од Скопје. Истиот бил префрлен во Ургентен центар „Мајка Тереза“, каде му се констатирани тешки телесни повреди (осум убоди од остар предмет во пределот на грбот). Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.