Вчера околу 20:15 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај м.в.„Сеферов Бунар“, полициски службеници забележале паркирано ПМВ „Шкода Фелиција“ со охридски регистарски ознаки, а до возилото бил пронајден починат М.З. (63) од с.Трапчин Дол, кичевско, со прострелна рана во пределот на главата нанаесена од огнено оружје. Покрај истиот бил пронајден и пиштол.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од ПС-Кичево. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.