Најмалку шест лица се убиени при пукање во трговскиот центар „Олимпија“ во Минхен, а градските власти прогласија вонредна состојба.
Локалните медиуми јавуваат дека најверојатно пукања имало на уште две други локации во градот.
Полицијата потврди дека шест лица се убиени, а повеќе од 10 се ранети, како и дека се стравува дека тој број ќе се зголеми.
Полицијата се сомнева дека станува збор за терористички напад, но тоа не е потврдено.
Деталите од инцидентот сè уште не се потврдени, освен дека пукотниците почнале пред „Мекдоналдс“, каде вооружен маж трчал низ трговскиот центар и стрелал кон луѓето, по што побегнал во правец на подземната железница.
Акцијата за пронаоѓање на напаѓачите е во тек, а областа околу трговскиот центар е блокирана. Полицијата и понатаму го евакуира трговскиот центар и ги предупреди граѓаните да избегнуваат јавни места.
Полициски извори велат дека според изјавите на сведоците, нападот го направале тројца вооружени мажи, но дека сè уште никој не е уапсен.
Извор: meta.mk