Green Beach Festival ги претставува и најистакнатите артисти од домашната електронска сцена

GREEN BEACH FESTIVAL, најголемиот фестивал на електронската музика кај нас, годинава ќе се одржи по седми пат и тоа со најбогата програма досега, на 30 и 31 јули. Локацијата е традиоционално плажата Парк во Охрид, каде нѐ очекува препознатливиот грандиозен подиум на највозбудливата летна журка. Покрај најдобрата поунда на светски етаблирани изведувачи како што се AME, DUBFIRE, BLACK COFFEE и JAMES ZABIELA, подеднакво атрактивна е и листата со 10 од најистакнатите домашни артисти со кои Green Beach Festival оваа година ја збогатува својата програма. Во овој дел од програмата, на GREEN BEACH FESTIVAL со свој сет ќе се претстават АЛЕКСАНДАР ВИДИНОВСКИ, ГОРАН КАН, ИЛИНА АНГЕЛ, LEPHONQ, МАРЈАН СТОЈАНОВИЌ – МАЦИ, МИРКО ПОПОВ, НИКИФОР, СТОЈЧЕ, ТОМИ БОЈАЏИ и ФЛУДЕР.

Со вкупно 14 изведувачи, GREEN BEACH FESTIVAL на 30 и 31 јули во Охрид ветува врвно доживување и уште едно моќно издание на омилениот летен настан за фановите на електронската музика.

АЛЕКСАНДАР ВИДИНОВСКИ

Како дел од Sound Diffusion, Видиновски има издадено над 30 изданија на светски етаблирани издавачки куќи. Од 2012, поради потребата од поинтимна музичка иновација, почна и да работи на сопствена соло продукција. Заедно со своите пријатели ја води издавачката куќа Argumento Music, а од минатата година и сопствената 778 Frequency. Тој е голем колекционер на плочи, а својата љубов кон техното и хаусот ја презентира со настапи на фестивали и клубови ширум Европа.

ГОРАН КАН

Ја започнува својата кариера како диџеј во 1998 година експериментирајќи со хаус и техно музиката. Ја добива првата своја резиденција во летниот клуб „Хавана“ во 2001 година, а по бројните настапи низ Македонија, тој ги проширува истите низ целиот Балкан. Бележи бројни изданија на етикетите Primal Force, Soma, SAF, Minisketch, Impact Mechanics, Flux, Logos, Artefact, Lucky Light и многу други. Неговите настапи можете да ги сретнете секаде низ регионот, каде што тој ја претставува неговата музичка селекција со уникатен пристап.

ИЛИНА АНГЕЛ

Таа е дизајнер, прoмотер, ди-џеј и радио-водител од Скопје. Нејзиниот музички бекраунд во денс музиката доаѓа од искуствата како дел од промотивните забави, разни уметнички проекти, претстави, филмови и музички спотови со ПМГ Колективот уште од средината на 90-тите. Вистинска љубов кон винилот и диџејството процвета за време на нејзините магистерски студии по театарски дизајн во Лондон, во сезоната 2002/03. Во текот на изминатата деценија, таа самата се потврди како независен промотер, радио-водител во легендарното алтернативно радио Канал 103 и се етаблира како еден од најприсутните, интересни и свежи диџеи во Македонија. Нејзиниот музички стил варира од миксање на андерграунд диско, со модерен есид хаус, до груви техно, во постојана потрага по свежи и возбудливи нешта.

LEPHONQ

Присутен на македонската електронска сцена како диџеј и воедно како радио промотер, менувајќи ги стиловите, но секогаш следејќи ги најсовремените музички трендови. Во почетокот на новиот милениум LephonQ беше сопственик на една од ретките винил продавници во нашиот град, ,,091”. Во својата кариера LephonQ бил резидент диџеј со Carl Cox, John Digweed, AVB ,Hernan Cattaneo , PVD , Nick Warren, James Zabiela и многу други. LephonQ се појавува како стандарден дел на сите поголеми фестивали кај нас и во регионот настапувајќи во Бугарија, Србија, Албанија, Унгарија , Австрија. Во моментов тој е активен на Antenna 5 Radio со својата емисија ,,Dj’s Corner “ секој работен ден од 22 часот , како и низ сите познати клубови во републиката ширејќи го уникатниот deep, tech и proggy house звук.

МАРЈАН СТОЈАНОВИЌ – МАЦИ

Маци е од втората генерација на македонски техно диџеи и ја започнува својата кариера кон крајот на 90-тите години настапувајќи ширум земјата, како и надвор од неа односно во Србија, Бугарија, Грција, Албанија и тн. Во неговите сетови има богат избор на музика почнувајќи од deep house па сѐ до мелодично и фанки techno, а селекцијата се базира на неговото долгогодишно искуство зад диџеј-пултот. Неговиот посебен пристап кон музиката му овозможува тој да се претстави пред бројни и светски познати диџеи како Derrick May, Los Hermanos, Juan Atkins, Santiago Salazar, Kenny Larking, Deetron, Mark Flash, Underground Resistance.

МИРКО ПОПОВ

Тој е прв македонски интернационален диџеј и е континуирано активен на култното скопско радио Канал 103 од 1992, од кога е и позициониран во епицентарот на македонската техно-културна револуција, ставајќи го Скопје на мапата на ова современо движење. Во 1995 го формира ПМГ Колектив, како манифест на акцијата која треба да го победи незадоволството од актуелната културна состојба. ПМГ во следните години ќе прерасне во водечка авангардна сила на скопските улици. Во 1998 ја формира ПМГ Рекордингс, независна македонска дискографска куќа, со повеќе од 130 изданија досега. Има снимено и издадено 13 албуми со своите 3 проекти: PMG Kolektiv, Kanton6, Makedonide Crew и 1 со легендарниот скопски џез бенд Sethstat; околу 30 видео спотови и 1 филм како сценарист и продуцент.

НИКИФОР

Ја започнува својата диџејска кариера на 18 години и остварува голем број настапи со светски познати диџеи како што се Carl Cox, Deep Dish, John Digweed, Sasha, Solomun, David Morales, Paul Van Dyk и уште многу други. Покрај настапите ширум земјата, забележува гостувања надвор од неа во места како што се Прага, Мајами, Дубаи, Миконос и тн. Воедно успева да зашври студии по музичка продукција во Dubstop, Њујорк. Во меѓувреме не престанува со интензивните настапи, а од кои се издвојуваат настапот во Ambasada Gavioli покрај Solomun и со John Digweed на Zone Fest. Активно ја води популарната емисија на радиото Антена 5 наречена „Antenna Night Tracks“.

СТОЈЧЕ

Еден од македонските диџеи и артисти кој техно музиката ја претставува во локални и надворешни рамки. Неговата мотивација, страст и упорност да креира свој сопствен звук и да го споделува со луѓето преку микс пултот, го доведоа до статусот најбаран македонски диџеј! Повеќе години беше на чело на организацијата Polux Multimedia, која ги промовираше најдобрите андерграунд журки во Скопје, ја води својата издавачка куќа „Tangible Assests“, а во соработка со Александар Видиновски и Дарко Спасовски ја имаат издавачката куќа „Argumento Music“ која претставува андерграунд платформа за изведувачи како KiNK, Марко Настиќ, Elef и многу други. Денес живее и работи во Берлин, а тој е веројатно и единствениот македонски диџеј кој со свој сет има настапено и на светски фамозната EXIT Dance Arena. На седмото по ред издание на GREEN BEACH FESTIVAL тој ќе се претстави со back2back сет заедно со Горан Кан.

ТОМИ БОЈАЏИ

Со пуштање музика и собирање плочи започнува во 2001 година, живее во Прага (Чешка) до 2006, каде што пушта музика, собира плочи и ги развива своите диџејски вештини во локални клубови, меѓу кои Shatou Rouge, Le Clan, Ultra Marine, Bukanyr и други. Во 2007 ги започнува тригодишните студии на академијата ESRA, за звучно инженерство, каде што учи за музичката продукција, филмската музика и звук, монтирање, снимање, технологија на музичката опрема, акустичните и звучните системи. Пушта на винили и дискови, од deep house до detroit techno, electro, funk, soul, blues, jazz и музика што претрпела влијание од овие музички стилови. Во 2011 ја оформува промотерската организација PURESOUL и организира настани со Mike Huckaby, David Alvarado, Jori Hulkkonen, Kuniyuki Takahashi, Orlando Voorn. Настапувал со Alexander Robotnick, Juan Atkins, Derrick May, Laurent Garnier, Kenny Larkin, Aril Brikha, Marshall Jefferson, Andreas Saag, Lawrence, Santiago Salazar, Tony Lionni, L.Lorca и многу други.

ФЛУДЕР

Неговото име е доволно присутно на локалната сцена за да ве асоцира на неговиот посебен стил на презентирање на музика. Ни неговиот стил ниту пак неговата музика имаат тендеција да се повторуваат, следствено на ова Флудер секогаш е во потрага по нешто ново и возбудливо кое е наменето за доброто расположение на публиката.

РАСПРОДАДЕНИ СЕ ПРОМОТИВНИТЕ БИЛЕТИ ЗА GREEN BEACH FESTIVAL! СТАРТУВА ОНЛАЈН АКЦИЈАТА „4+1“!

Промотивните билети за седмото издание на GREEN BEACH FESTIVAL се целосно распродадени и стартува претпродажбата на билетите со цени кои ќе важат сѐ до датумот на одржување на фестивалот. Од денес (25 јули) се спроведува и онлајн акцијата „4+1“ за групно купување на влезници. Во рамки на оваа акција секој кој ќе купи 4 влезници за фестивалот, добива уште една, петта влезница на подарок. Акцијата „4+1“ важи само за онлајн купувањето на билетите, преку овој линк: mktickets.mk/gbf_7

Влезниците за GREEN BEACH FESTIVAL во претпродажба се достапни преку продажната мрежа на МКтикетс.

1d36726d-1dc8-4d05-b6a6-f48dc616311e