Шекеринска: Ставаме крај на партиската држава, ги повикуваме професионалците!

Изјава,
Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ,
Скопје, 27.07.2016

„Почитувани граѓани,

На Македонија и треба и поинаква политичка култура.

Македонија не се политичките партии, ниту една, ниту четири туку нејзините граѓани.

И за нив, партиската држава во што се претвори Р.Македонија е лоша држава.

Затоа сметаме дека дел од промените во Македонија се токму промените во овој дел. Промените коишто сметаме дека треба да и се случат ги започнуваме и ги започнавме и од себе.

Затоа, СДСМ јавно упатува повик до сите поединци – професионалци, професионални новинарски здруженија, граѓански организации, сами да се кандидираат или да кандидираат други професионалци од оваа област за членови во ад хок телото коешто ќе врши контрола мониторинг на однесувањето на медиумите во целиот предизборен период.

Истиот повик го упатуваме и во делот на кандидати за главен и одговорен уредник
на Македонската телевизија.

Граѓаните имаат право да ја слушнат вистината, а не само партиски платени лаги.

На Р.Македонија и се неопходни фер и демократски избори.

Такви избори се невозможни ако медиумите не известуваат објективно и професионално.

Заради тоа, МТВ не смее да е телевизија на ВМРО-ДПМНЕ ниту на која било друга партија.

МТВ е на граѓаните и СДСМ го почитува и ќе го почитува тоа.

Ќе покажеме дека промените во Македонија веќе почнаа.

Ќе покажеме дека ставаме крај на партиските стеги и медиумски мрак.

Ќе покажеме дека во оваа наша Македонија може подобро и мора поинаку.“

Одговори на новинарски прашања

Медиуми: Веќе со одлична динамика ги спроведувате дел од договореното на 20 јули, сметате ли дека со оваа динамика ќе може да се одржат регуларни избори во декември?

Шекеринска: Ако сите го почитуваат договореното, на 31 август ќе имаме состанок на којшто дефинитивно ќе може да се каже дека Македонија е спремна за избори. Се разбира дека повеќе треба да ги цениме делата, отколку зборовите. За жал во минатото голем дел од политичките партии избегаа од договореното и заради тоа ние живееме повеќе од година дена во политичка криза. Денеска она што се случуваше во Собранието не беше многу охрабрувачки, видовме дека дел од политичките партии бегаат од ставањето потпис на законите коишто беа договорени и гледаме дека координаторите на владејачките партии не сакаат да ги потпишат законите коишто нивните партии ги преговараа и ги договорија. Тоа не е добар знак, но јас се надевам дека проблемот ќе биде решен.

Медиуми: Очекувате до крајот на неделава тие да влезат во собраниска процедура?

Шекеринска: Според договореното тие закони би требало до петок да бидат усвоени.

Медиуми: Ги доставивте текстовите до Собрание?

Шекеринска: Мислам дека оние кои требаше да ги достават, ги доставија и колку што знам веќе во Собранието се потпишуваат предлози коишто требаше да бидат предложени или потпишани од страна на координаторите на политичките парламентарни групи.

Медиуми: Кој не става потпис на ова што вчера го договоривте?

Шекеринска: Мислам дека еве денеска имаше информации којшто јас ги имам дури од втора рака, подобро е да се распрашате во Собранието, меѓутоа и ВМРО ДПМНЕ и ДУИ го проблематизираа потписот на своите координатори врз еден дел од законите. Велам, се надевам дека е лош денот, а не дека е ова само знак за бегање од договореното.

Медиуми: Договоривте главен уредник на МРТВ, а прецизиравте ли некој детали, каков мандат ќе има, дали ќе има можност, еве ако се соочи со некој несогласувања внатре во функционирањето, како ќе оди тоа?

Шекеринска: Искуството не учи дека никогаш не можете да бидете подготвени кога некој свесно, намерно се однесува неконструктивно и го крши договореното. Ако има такви случаи вие ќе ги видите и чуете. Не баравме ништо специјално, освен да добиваме професионалци на овие важни позиции и затоа и ние со нашите предлози ќе покажеме дека тоа не се предлози на СДСМ, тоа не се предлози на опозицијата, тоа се предлози коишто покажуваат дека во оваа ваша професија, може човек да биде и професионален и објективен и притоа да извршува важна функција. Сметаме дека тоа ќе биде многу важно не само за новинарството, ќе биде многу важно за сите граѓани во оваа држава.

Медиуми: До кога ќе ги објавите имињата, кандидатите за ад-хок тело и за главен уредник?

Шекеринска: Според договореното ќе видите во законите, постојат рокови коишто стартуваат од моментот кога законот ќе се усвои. Партиите ќе треба да ги достават, да ги имаат предлозите прецизирано, ако не се лажам осум дена, потоа. И сето тоа зависи од денот кога ќе биде усвоен законот. Рокот за формирање на ад-хок телото, генерален е 19-ти август.

Медиуми: Може ли само коментар за вчера нели, за списокот за спорните гласачи се јавија голем број на граѓани кои веќе си фигурираат на одредени листи и до години живеат на едно место на живеење, а се појавија токму како спорни гласачи, дали тоа фрла сомнеж на кој начин и како е …..?

Шекеринска: Ние сме во оваа ситуација заради тоа што во оваа држава владее хаос по многу прашања, вклучително крупни теми, кој, каде живее, како тоа му се регулира, на кој начин комуницираат базите на податоци, и голем дел на граѓаните со право реагираат заради тоа што пријавиле фантом кој живее кај нив, но тој не влегува во списокот, а нивното име излегува. Знаете како, некој со години создавал хаос за да го прикрие криминалот и ќе треба да поминеме многу тестирање и многу проверки, за да видиме до каде се достигаат овие криминални опашки. Меѓутоа од некаде мора да се почне, ова е и добар начин да констатираме каде сме, да констатираме колку сме, факт е дека бројката на граѓани кои живеат во Македонија се намалува, оваа измена сега во Избирачкиот список зема предвид и дека Македонија, за жал, секој ден ја напуштаат многу млади кои најверојатно, нивното, дел од гласачко право, било злоупотребувано во минатото. Тоа е еден од проблемите кои се надеваме дека ќе се елиминира, и очекуваме да се елиминира поради то
а што на Избирачкиот список ќе треба да стојат фотографии и тоа значи дека никој ќе не може да го злоупотреби нивниот глас за да ја фалсификува волјата на граѓаните.

Медиуми: Значи, законската обврска да стојат фотографии на Избирачкиот список постоеше и кога имаше уште информации дека изборите ќе бидат во јуни, меѓутоа ДИК излезе со став дека нема време и можност тоа да го исполни, може ли да се случи тоа и за овие избори?

Шекеринска: Не, последниот пат ДИК излезе со таквата теза откако тогашниот дополнителен министер за внатрешни работи Чавков, излезе со писмо кое го тврдеше истото, тоа апсолутно не е точно и тоа само покажува отсуство на политичка волја да се обезбедат фер и демократски избори. Ако некој бара од граѓаните мандат, ако некој бара од граѓаните шанса да ја носи одговорноста за оваа држава нема никакво оправдување да се буни против еден сериозен тест за контрола како што е фотографијата. Само оние коишто сакаат да ја злоупотребат волјата на граѓаните, само оние коишто сакаат и ги фалсификувале изборите во минатото, само тие се противат на опцијата да постои фотографија.

Медиуми: Јавниот повик што го објавивте сега – тоа ќе биде дел од законските измени или се однесува само на членовите кои вие требало според првичниот договор да ги предлагате?

Шекеринска: Ние предложивме и тоа беше ставено во Договорот и е дел од сегашниот закон, дека партиите кога ќе ги предлагаат членовите за ад-хок телото, ќе се консултираат со професионалните здруженија. Ние денеска одеме еден чекор понапред се отвораме не само на оние кои се организирани во професионалните здруженија, туку и поединци кои се професионалци во таа сфера. Во делот на главен и одговорен уредник на МРТВ таквата обврска не постоеше, ова е резултат на нашата желба во Македонија да се менува политичката култура. Ниту сето знаење, ниту сета памет којашто е собрана во политичките партии, ниту пак новинарите и професионалците кои се во медиумската сфера во којашто работат во Македонија, сите се дел од политичките структури, напротив најголемиот дел од луѓето кои работат оваа сфера сакаат само да бидат оставени слободно и професионално да си ја вршат својата задача. Ние со ова покажуваме политички гест дека сакаме таков да биде начинот на практикување власт, таков да биде начинот на водење на политики во медиумите.

Медиуми: Треба вас да ви достават како политичка партија барање, или пак вие предлагате целосно менување на системскиот начин на решавање на проблемот?

Шекеринска: Да, ние предложивме системско менување на работите и тој предлог беше поддржан и од страна на ЗНМ и од страна на Синдикатот и некои други професионални здруженија. Овој закон долго време чекаше амин од политичките партии, ние го предложивме во Собранието, тој предлог ќе значеше дека Агенцијата за медиуми, онаа агенција којашто е клучен регулатор во оваа сфера, дека ќе биде избрана преку јавен повик на професионалци и кои нема да се избираат преку филтрите на власта. За жал тој предлог ВМРО-ДПМНЕ го одби и тоа го правеше и го одбиваше и во почетокот на преговорите. Ова што сега го имаме како решение, ад-хок е времено решение. Ние сметаме дека работите во медиумите треба да се менуваат систематски и тоа ќе го направиме по победата на изборите.

Извор: www.sdsm.org.mk