Во рамките на програмата на фестивалот „Охридско лето“, вечерва во црквата Св.Софија, со почеток во 21:00 часот ќе настапат виолинистот од Македонија, Џафер Џафери и пијанистката од Германија, Милана Чернјавска.
На програмата ќе бидат изведени дела од В. А. Моцарт, С. Прокофјев, Ј. Брамс.
Џафер Џафери своето образование го започнува во родната Македонија, а потоа школувањето го продолжува на Академијата за музика и изведувачки уметности во Манхајм. Чест учесник е на музичките фестивали во светот, а како солист и камерен музичар соработувал со голем број значајни музички имиња. Добитник е на голем број национални и интернационални награди и признанија.
Германската пијанистка со украинско потекло Милана Черњавска е еден од најзначајните пијанисти на денешнинава. Со своите извонредни изведувачки способности непрестано ги воодушевува слушателите насекаде во светот. Покрај солистичката дејност, Черњавска често настапува и како камерен музичар, соработувајќи со извонредни музичари.