Првите огласи за вработување на 350 здравствени работници во јавните здравствени установи во Македонија ќе бидат објавени следната недела и ќе течат наредните две до три недели, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при денешната посета на општина Илинден.
„Од она што сум информиран од министерот за здравство процедурата за 350-те нови вработувања во здравството е веќе започната и се очекува следната недела да бидат објавени првите огласи. Главно ќе се вработуваат лекари и медицински сестри, но ќе има и други профили како лаборанти, физиотерапевти“,.., изјави Груевски во одговор на новинарско прашање по поставувањето камен-темелник на постројката на германската компанија „Г.Р.А.Д. Екопологија“ за производство на дизел гориво преку каталитичка деполимеризација, односно трансформација на отпадни масла во дизел гориво во локалната економска зона „Стопански комплекс Илинден“.
Тој прецизира дека огласите нема да бидат групно објавени за сите 350 работни места, туку секоја јавна здравствена установа ќе објавува соpствен оглас за кадрите кои треба да ги вработи согласно нејзините потреби.
Тоа ќе значи силно зајакнување на македонското здравство, поголема поддршка на пациентите и подобра услуга, а за многу здравствени работници ќе значи можност за вработување и решавање на нивниот проблем со невработеноста“, потенцира Груевски.