Донација за МВР од Меѓународната организација за миграции-ИОМ

Новите 24 возила што Граничната полиција ги доби денеска како донација од Меѓународната организација за миграции-ИОМ се од исклучително значење и ќе помогнат во зајакнување на капацитетите во справување со мигрантската криза, истакна м-р Митко Чавков, министер за внатрешни работи на Република Македонија на предавањето на донацијата што се одржа денеска во Минстерството за внатрешни работи. Како што потенцираше министерот Чавков, тука нема да застанат активностите, туку и понатаму ќе продолжи зајакнување на персоналните и материјално-техничките капацитети, како и соработката со меѓународните организации и невладиниот сектор.

Вкупната донација на ИОМ е во вредност од 700.000 евра и е обезбедена преку грант доделен од банката на Советот на Европа.