Законите договорени помеѓу партиите, ја поминаа првата фаза во Собранието

Собранието на Република Македонија во рамки на 113. седница ја констатира потребата за носење на измените и на дополнувањата на Законот за внатрешни работи, Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за кривична постапка, на Изборниот законик и на Законот за Влада, сите по скратена постапка

Измените и дополнувањата на овие закони беа договорени од страна на претставниците на политичките партии потписници на Договорот од Пржино, во насока на подготовка за одржување предвремени парламентарни избори и излез од политичката криза.

Законите се носат по скратена постапка и се очекува тие да бидат изгласани во текот на утрешниот ден. Нивни предлагачи во Собранието се координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Илија Димовски и Горан Сугарески, и пратениците Артан Груби од ДУИ и Беким Фазлиу од ДПА.

Извор: meta.mk