Советничката група на СДСМ бара да се свика итна седница на Советот на Општина Охрид

Советничката група на СДСМ Охрид бара да се свика итна седница на Советот на Општина Охрид.

„Сега е време за хуманост и солидарност кон семејствата на настраданите и кон сите други кои ги трпат последиците од невремето. За таа цел, Советничката група на СДСМ и’ предлага на Претседателката на Советот на Општина Охрид, г-ѓа Гордана Коњановска, да свика утре итна седница на Советот на Општина Охрид, на која би била донесена одлука за спроведување мерки и активности за собирање и испраќање помош до загрозените семејства и институции од Скопје и околината, како и од тетовскиот регион.“- потенцираат од Советничката група на СДСМ Охрид.