СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Д. (24) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.
Во текот на 2012 и 2013 година, пријавениот откако извршил електронски услуги за физички лица од странство остварил приход за себе, но не поднел годишна пријава до надлежните органи и одбегнал да плати ДДВ во висина од 115.814 денари.