Кривична пријава за охриѓанец поради даночно затајување

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Д. (24) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Во текот на 2012 и 2013 година, пријавениот откако извршил електронски услуги за физички лица од странство остварил приход за себе, но не поднел годишна пријава до надлежните органи и одбегнал да плати ДДВ во висина од 115.814 денари.