По повод одбележувањето на националниот празник „Илинден“, во рамки на предвидените манифестации во Скопје, Крушево (Мечкин Камен) и во меморијалниот комплекс Пелинце, кумановско, ќе биде применет посебен собраќаен режим со цел непречено и безбедно одвивање на закажаните настани за чествување на празникот.
Во вторник(02.08.2016) со почеток 09.30 часот во централното градско подрачје во Скопје, ќе се воспостави посебен режим на сообраќај, односно за сообраќај ќе бидат затворени дел од улиците “11 Октмври“ и “Димитрија Чуповски“ и тоа на потегот од крстосницата со бул.“ Кочо Рацин“ до крстосницата со ул.“Васил Главинов“, ул. “Филип II Македонски“ од крстосницата пред хотелот “Холидеј Ин“ до Градска Болница и ул. “Даме Груев“ на потегот од крстосницата со ул. “Македонија“ до Собрание на Република Македонија.
Во Крушево, согласно мерките на СВР Битола, посебен сообраќаен режим е предвиден за деновите 01 и 02 август. Утре (01.08.2016)во периодот од 18.00 часот до 24.00 часот ќе биде забранет сообраќајот за сите видови на возила по главната сообраќајницa во градот од влезот на Крушево м.в. Стара бензиска до крстосница „Тагас“, а возилата можат да се движат заобиколно преку хотел „Монтана Палас“ до Спомен куќата на Тодор Проески и м.в.„Гумење“. На 02.08.2016 година ќе биде забранет сообраќајот по главната сообраќајница во периодот од 09.00 часот до 11.00 часот, додека истиот ден во периодот од 10.00 часот до 13.00 часот ќе биде забранет сообраќајот од м.в.“Бензиска пумпа“ до м.в.“Мечкин Камен“.
Забрана за одвивање на сообраќајот за трактори, земјоделски машини и запрежни возила ќе важи за 01 и 02.08.2016 година во периодот од 00.00 до 24 часот на регионалниот пат Прилеп – Крушево и Демир Хисар – Крушево, а на 02.08.2016 година ќе биде забранет сообраќајот за товарните моторни возила. Исто така, утре и задутре ќе биде забрането паркирање на ПМВ и ТМВ по главната сообраќајница во градот.
Во Пелинце почетокот на празничната манифестација е закажан за во 11.00 часот во вторник (02.08.2016). Се апелира до граѓаните кои ќе сакаат да присуствуваат на настанот во Меморијалниот центар во Пелинце да пристигнат до 10.00 часот, бидејки поради присуство на ВИП гостите ке биде применет посебен режим во сообраќајот со запирање на сите возила на магистралниот пат во правец од Крива Паланка кон Куманово и пропуштање на службените возила со првенство на минување.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќајот.