Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2015 година активното население во Република Македонија брои 959 388 лица од кои вработени се 697 248, а 262 140 лица се невработени.
Стапката на активност во овој период е 57.3, стапката на вработеност е 41.6, додека стапката на невработеност е 27.3.