Поради зголемената потрошувачка на вода, Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ апелира до корисниците да не се злоупотребува водата, освен за неопходните потреби.
Од ЈПК „Дебрца“ истакнуваат дека се принудени да воведат рестрикции за следните денови во следните населени места:
- 01.08.2016 (понеделник) вода нема да има во населените места Оровник и Подмоље;
- 02.08.2016 (вторник) вода нема да има во населеното место Горенци;
- 03.08.2016 (среда) вода нема да има во населените места Оровник и Подмоље;
- 04.08.2016 (четврток) вода нема да има во населеното место Горенци;
- 05.08.2016 (петок) вода нема да има во населените места Оровник и Подмоље.