Олимпијката Нина Балабан на прием кај градоначалникот Бакрачески

Охридската олимпијка во дисциплината стрелање со воздушна пушка, Нина Балабан, денес беше примена од градоначалникот Никола Бакрачески. Во срдечна атмосфера, младата охридска спортистка го информираше градоначалникот Бакрачески за подготовките за олимпијадата во Рио и нејзните очекувања. Градоначалникот Бакрачески во разговорот посочи дека верувањето во своите способности е првиот чекор кон остварување на врвните резултати, но во секој случај истакна дека охриѓани во сабота наутро ќе бидат покрај телевизиските екрани и ќе навиваат за Нина.

Балабан говорејќи за очекувањата во Рио, искрено и самоуверено рече дека на олимписките игри оди да оствари добар резултат кој не ја исклучува можноста за пласман во финалето и борба за медалите.

Balabanova_priem_G_4852

Градоначалникот Бакрачески во име на градот Охрид на нашата репрезентативка и подари спортска опрема со ознаки на градот Охрид и и’ посака успех и врвен резултат на најголемиот спортски настан.

Од своја страна Нина Балабан на градоначалникот му подари гравура со ликот на Александар Македонски, која ќе биде подарувана на спортистите и официјалните лица, за време на олимпијадата во Рио.

Balabanova_priem_G_4851