Делегација предводена од претседателот на СДСМ Заев оддаде почит во Крушево

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со потпретседателот Александар Кирацовски и претседателот на ОО на СДСМ Крушево Трајче Калески, во чест на 2 август – Денот на Републиката оддаде почит и положи свежо цвеќе на гробот на Никола Карев, првиот претседател на Крушевска република, во споменичкиот комплекс Илинден, познат како Македониум, пред споменикот на Хероите на Слива, пред споменикот на Мечкин камен, како и на гробот на Тоше Проески.