Дополнително ангажирани екипите на ЈП „Охридски Комуналец“

Изминативе денови екипите на „Јавна хигиена” при ЈП „Охридски Комуналец” беа дополнително ангажирани со уредување и чистење на улиците и парковите во тек на раните утрински часови, како и преку целиот ден после забавите и концертите, како последица на големиот број на гости во градот.

FotorCreated3

„Беа собрани големи количини на пластични шишиња, хартија и друг вид на отпад, како во центарот на градот така и на плажата парк. Беше исчистен и градскиот стадион по договор со јавното претпријатие „Билјанини Извори”.“ – информираат од претпријатието.

FotorCreated2