Концерт на Воениот оркестар на АРМ на градскиот плоштад во Охрид

Утревечер со почеток во 20 часот на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“, Воениот оркестар на Генералштабот на АРМ ќе одржи едночасовен концерт. Концертот е во рамките на нивната летна концертна сезона и претстува уште една културна содржина во богатата културна понуда на Охрид.

На програмата ќе бидат дела од македонски и странски автори.