Делев: Ќе се развива спа и велнес туризам во Македонија

Туризмот во државата бележи енормен раст секоја година во изминатите 9 години, од околу 10 проценти, истакна заменик министерот за економија, Христијан Делев, при денешната поосета на изворот со термо-минерална вода „Стрновац“ во општина Старо Нагоричане од каде го најави големиот проект кој го отпочнува Владата на Република Македонија за давање под концесија на минерални ресурси, со цел популаризирање на спа и велнес-туризмот како алтернативен туризам во државата.

„Денес сме овде да го промовираме проектот во рамки на кој ќе биде објавен оглас за доделување концесија за минерални суровини, термо-минерална вода. Температурата на минералната вода во Стрновац од 39,5 степени целзиусови и нејзината лековитост, одличната природа, близината на магистралниот пат Крива Паланка-Куманово, како и близината на главниот град, само 60 километри, нудат одлични услови за развој нa висок туризам“, изјави Делев.

Тој рече дека изворот е еден од најдобрите во државата.

„Растот на туризмот е лимитиран бидејќи е главно концентриран на езерскито туризам, неколку месеци. Во Макеоднија постојат можности како што е овој локалитет за развој на други форми на туризам. Во Европа ова е еден огромен тренд,а држави како Словенија и Унгарија кои имаат приходи од туризмот и до 1,5 милијарди евра годишно“, нагласи Делев.

Од „Стрновац“ упати апел до македонската бизнис-заедница да се пријави на огласот.

Ги повикувам сите приватни инвеститори да учествуваат на електронската аукција за да во најскоро време на овој локалитет се изгради современ спа и велнес центар оваа дестинација да биде туристичка атракција која ќе се посетува во сите 12 месеци од годината, рече Делев, додавајќи дека паралелно со општината се урбанизира земјиште копе ќе се дава на аукција со почетна цена од едно евро по метар квадратен за изградба на хотели, базени, спа и велнес-центри.

Градоначалникот на општина Старо Нагоричане, Милован Стојковски, рече дека веќе на есен ќе финишира урбанизацијата на земјиштето околу термалнито извор.

„До есен ќе бидат уредени 5 хектари површина околу „Стрновац“. Добиена е дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање, решени се урбанстичките аспекти и со концесијата се надевам ќе се јават многу инвеститори кои ќе изградат комплекси овде. Јас лично сум контактирал некои од нив и мислам дека бањата „Стрновац“ наскоро ќе заживее во урбан стил“ -истакна Стојковски.

Според Костадин Јованов, директор на Геолошкито завод на РМ местото има потенцијали и изобилува со издашен извор со проток ан вода од 12 литри во секунда.

„Доколку се инвестира тука ќе се направат поголеми бушотини и ќе се добие4 поголема количина вода што освен за спа и велнес ќе може да се искористи и за затоплување на објектите кои ќе се изградат“-рече Јованов.

Според Делев целта на проектот е да се развие високиот туризам во земјава, да се популаризираат ваквите локалитети во Македонија кои изобилуваат во термални води како Куманово, Кочани, Гевгелија и Струмица.

Во Гевгелија има извори со термални води и над 72 степени целзиусови, што е реткост во регионот и Европа, тоа се огромни потенцијали за развој на високито туризам-заврши Делев.