Пред неполн час на фејсбук е направена страница со името Ohrid Summer Festival – Фестивал Охридско Лето и веднаш на истата се напишани неколку статуси во саркастичен стил.
Очигледно некои луѓе немаат попаметна работа, па ситуацијата со невремето во Охрид и откажувањето на концертот на Артуро Сандовал ја злоупотребиле за лична корист.
Пред неполн час на фејсбук е направена страница со името Ohrid Summer Festival – Фестивал Охридско Лето и веднаш на истата се напишани неколку статуси во саркастичен стил:
„Почитувани, пари не враќаме, да си знајте! Ви благодариме на разбирањето. Летечки Пекинезери сепак ќе прелетаат над невремето за прекрасна атмосвера на Антички Театар вечерава. Уживајте!“, гласат некои од статусите на оваа страница која го злоупотребува името на нашиот најреномиран фестивал.
Официјалната страница на фестивалот е OHRID SUMMER FESTIVAL – ФЕСТИВАЛ ОХРИДСКО ЛЕТО.