Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, при посетата во Охрид, во изјава за медиумите истакна:
„Почитувани граѓани,
Денеска сме во Охрид и во целиот овој охридски регион. Сабајлево се видовме со граѓаните на Пештани, одржавме веќе состаноци со неколку здруженија, продолжуваме по чаршијата, по градот, заедно со граѓаните.
Целта е токму кога е сезоната туристичка да ги видиме сите проблеми коишто се случуваат во Охрид, да поразговараме за тие проблеми и да понудиме решенија.
Граѓаните се многу прагматични, затоа што се паталци од она што значи нивна потреба како мештани овде во Охрид и во охридскиот крај. Знаат многу често и туристите да зборуваат за она што ги тишти или е поврзано со нивната љубов кон Охрид и оние неколку дена коишто ги имаат како свој годишен одмор и го поминуваат овде во Охрид.
Навистина вистинско време да проговориме за вистинските проблеми на нашето светилиште, нашето огромно богатство а тоа е Охрид и Охридското езеро.
Сиве овие години власта зборуваше со полна уста убави зборови за Охрид, ама многу малку се направи за Охрид. Тоа што е направено го поздравуваме, но навистина не доликува на нашето најголемо туристичко богатство, нешто коешто ни ја грее душата на сите нас и ни ја крепи љубовта со коешто се гордееме, за околу 10тина години да се направи толку малку. Да биде заборавен Охрид и да биде оставен на прагот на бремето и негово абење навистина е недозволиво.
Времињата се менуваат и Охрид мора да добие сериозна важност.
Она коешто го разговараме пред се со младите луѓе овде е директната економска поддршка и помош којашто треба да ја добијат. Пред се охриѓани како граѓани за да останат овде и да не ни ја напуштат земјата.
За жал Охрид е еден од градовите или регионите во Македонија во којшто има најголема миграција. Само по последните 10-тина години се заминати повеќе од 7 600 граѓани. Пола од оние што се заминати во последната година се од Охрид.
Тоа само по себе кажува колку е лоша економската состојба на охриѓани.
Сето она што ќе значи поддршка за нови апартмани, за нови угостителски објекти, за нови хотели, мотели, за се она што младите ќе одлучат да го прават, државата во иднина ќе дава конретна поддршка.
Преку бизнис инкубаторите со 10.000 евра а 140 милиони евра ќе имаме директни инвестиции во поддршка на малите и средните претпријатија. Секој млад човек кој ќе отвори фирма во областа на мали и средни пртепријатија ќе добие и директно ослободување од давачките за државата.
На тој начин ние веруваме дека ќе обезбедиме многу повеќе плати и многу поквалитетни, повисоки плати. За да ја зголемиме потрошувачката моќ, ќе го зголемиме приходот на граѓаните преку поврат на ДДВ. Но ќе го зголемиме и приходот на државата преку ДДВ за сметка на тоа што државата ќе се откаже од персоналниот данок од данокот на добивка, на придонесите и сите други давачки.
Конкретни се мерките, дале резултат во многу други земји, сакаме да ги примениме и во Македонија.
Ако даваме дирекнта поддршка на домашното стопанство за сметка на странските инвестиции коишто секако се добредојдени, но директната помош мора да оди на домашното стопанство.
Овде во Охрид, сето она што ќе се инвестира мора да биде пред се на охриѓани. Зошто? Затоа што тие тоа го чувствуваат, затоа што се родени и растени со развојот на туризмот во Охрид.
Истовремено, она што е важно и во истовреме недозволиво е Охрид да не биде поврзан со остатокот на Македонија преку соодветни патишта.
Пред десет дена бев во Охрид и дојдов од Скопје, преку Кичево. Вчера пристигнав во охридскиот крај преку Битола и Ресен. Навистина се патува мачно, со прекини по патиштата. Фала Богу што се вели, заради градба, но зарем сега, во најголем ек на сезоната?
Недозволиво е ова. Охрид мора да биде поврзан инфраструктурно. Она што е започнато ќе го продолжиме и интензивно ќе го направиме, во брз период, за да го отвориме Охрид за туризмот, за сите.
Не може после сите овие години независност на Македонија се уште Охрид да нема базент. Само неколкупати се ставија камен-темелници на градскиот базент што треба да се направи овде.
Ја нема поддршката на пливањето во Охрид и на спортовите. Дури и она што се направи за жал зјае празно.
Мора да има конкретна поддршка на спортот со финансиски средства. Да може децата да ни спортуваат, да креираат, да може да го крепиме и здравјето на младите.
Се уште Охрид нема затворен пазар, се уште нема соодветна автобуска станица, не е инфраструктурно поврзан. Целиот овој дел, од Охрид со Свети Наум нема полицаец.
Завчера се пушти една амбуланта. Брза помош не може да стигне до Градиште, гледате, за 40 минути губиме детски животи. Тоа е недозволиво.
Охрид испраќа порака или ќе ги привлекува туристите или ќе ги одвраќа. Тоа ги боли Охриѓани но не боли сите нас, и нас од Струмица и сите граѓани од Македонија. Охрид е и наше богатство и сакаме да му се радуваме и да се гордееме со него.
Затоа, во периодот којшто претстои парите ќе бидат насочени на вистинско место. Наместо во бронзи и споменици, наместо да се крадат 400 милиони евра годишно, ќе бидат решени капитални проблеми на граѓаните.
Плажите во Охрид мора да се направат, да се инвестира до ниво на гордост за сите граѓани.
Убеден сум дека граѓаните се свесни дека тоа време доаѓа.
Ги повикувам сите да се вградиме, да помогнеме, конечно Македонија да се ослободи од ова режимско опстојување, поклопено од сите овие години владеење на една гарнитура на власт.
Да испратиме пораки на единство. Доста беше делби, да зборуваме за иднината, да зборуваме за младината. Ако не го спречиме овој бран на миграции којшто се случува ќе си ја изгубиме татковината.
Ајде заедно да го спречиме тоа што се случува во Македонија, во делот на миграциите и ако даде Господ, заедно сите, здружени, да почнеме да си ги враќаме младите назад во Македонија.“- рече Заев.