Од полноќ поевтинуваат нафтените деривати

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 4,20%. одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 25.07.2016 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 25.07.2016 година и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 46,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 34,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,592 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 25.07.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 21,171 ден/кг.