Празнична вечерна богослужба на Плаошник по повод Св.Климент

По повод празникот посветен на Св. Климент Охридски, вечерва во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник – Охрид  беше отслужена празнична вечерна богослужба.

На литургијата со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј, покрај многуте верници присуствуваа претседателката на Советот на Општина Охрид, Гордана Коњановска и советникот Климе Шешоски.

Утре, во манастирот со почеток во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски г.Тимотеј.

Поради денот на жалост, свеченостите посветени на одбележувањето на 1100 години од упокојувањето на Св.Климент ќе се одржат утре. Свечената академија ќе биде во 21:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.

WebOhrid