Општина Охрид ангажира лица за општинско – корисна работа

Општина Охрид четврта годиа во континуитет агажира невработни лица преку програмата „Општинско- корисна работа“ која е дел од поголемиот проект за оддржливи вработувања и се спроведува со поддршка на Владата на Македонија и UNDP. Станува збор за активност која на долгорочно невработени лица им нуди шанса за социјална вклученост преку работно ангажирање со скратено работно време, а сe со цел стекнување на одредени вештини и постепено вклучување на пазар на труд.

Општина Охрид оваа година ќе ангажира 5 лица во детската градинака ЈОУДГ Јасна Ристеска со цел да се збогати и подобри едукативната и образовна програма на најмладите во општината. Ќе бидат ангажирани следните профили:

*1 Психолог ,
*1-Дипломиран дефектолог,
*1-Дипломиран педагог по физичко воспитување,
*2-Дипломиран професор по англиски јазик и книжевност

Лицата ќе бидат ангажирани во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.

Со оваа програма, лицата ќе бидат ангажирани во интервал од 6 месеци со скратено работно време за што ќе добиваат месечен надоместок од 6.200 денари за 20 работни часа, со вклучен персонален данок. Преку имплементација на овој проект лицата ќе имаат можност да се стекнат со нови работни вештини и работно искуство. Статусот на невработено лице останува непроменет и на невработените лица- корисници на социјална помош ќе им мирува остварувањето на ова право до истекот на работниот ангажман.