Презакажан концертот на Ана и Игор Дурловски

Од фестивалот „Охридско лето“ информираат дека вечерашниот концерт на Ана Дурловски (сопран, Македонија) Игор Дурловски (бас, Македонија) заедно со Оркестарот на Македонската Филхармонија под диригенската палка на Борјан Цанев, предвиден со програмата – Свечена академија на Македонската Академија на науките и уметностите по повод 1100 години од упокојувањето на Св.Климент Охридски-корените на словенската цивилизација, се одложува поради трагичните настани со човечки жртви кои се случија во главниот град на Р. Македонија, Скопје и скопскиот регион за што е прогласен и ден на жалост.

Истиот е презакажан за утре ( 09.08.2016 ) во Центарот за култура „Григор Прличев” – Охрид со почеток од 13 часот.

Воедно „Охридско лето“ изразува длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите.