Димовски: Апел до сите да дојдат во поплавените места и да помогнат, кој колку може

Апел до сите извиднички друштва, спортски клубови, јавни претпријатија, доволно е еден или два дена да дојдат тука и во 2-3 куќи да помогнат, затоа што внатре во куќите ситуацијата е страшна, вели пратеникот Илија Димовски.

„Колку што гледаме државните јавни претпријатија работат на основната инфраструктура. Има механизација а за тоа дали е доволно или не се проценува во секој момент. Со интензивна работа мислам дека со три четири недели напорна работа може да се доведе во основна функционалност а потоа да се поправат објектите“, вели Димовски.

Димовски заедно со Антонио Милошоски и Даниела Рангелова денеска беа во поплавените региони каде им помогнаа на граѓаните во санирање на штетите.