Оваа година се навршуваат 62 години од постоењето на Охридскиот Пливачки Маратон, закажан за 20 август 2016 година.
Уживајќи статус на најголем спортски меѓународен настан во државата, секоја година Охридскиот Пливачки Маратон ја привлекува пливачката елита од целиот свет. Оваа година по 30-ти пат истиот е дел од листатана маратони на Светската Пливачка Федерација (ФИНА), како еден од најважните маратони со високо реноме.
Натпреварувачите пливаат 30 км долга патека, почнувајќи од манастирот Св. Наум се до градското пристаниште.
Секоја година Охридскиот маратон привлекува илјадници посетители и уште повеќе навивачи, а целиот настан е следен од меѓународните спортски новинари и ТВ станици.
Како и секоја година така и оваа генерален покровител на Охридскиот маратон ќе биде Претседателот на Република Македонија, Горѓе Иванов.
Организатори на настанот се Пливачката федерација на Македонија, Министерство за внатреши работи – СВР Охрид, Погранична езерска полиција, Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, Совет на Општина Охрид, Министерство за транспорт и врски, Капетанија на пристаништа на Македонија – Охрид, Сојуз на спортови Охрид, во соработка со Кајак кану клуб Стрмец – Охрид и Едриличарски клуб Стрмец – Охрид.