Во рамки на програмата на фестивалот „Охридско лето“, вечерва, во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе има проекција на филмот „Црвениот коњ“, во режија на Стојан Попов – Столе, по сценарио на Ташко Георгиевски, во продукција на Вардар Филм-Скопје.
Филмот е снимен во 1981 година и е со времетраење од 127 минути. Главните улоги ги толкуваат: Ацо Јовановски, Велимир Живоиновиќ – Бата, Данчо Чевревски, Душан Јаниќиевиќ, Илија Милчин, Илија Џувалековски, Коле Ангеловски, Лиле Георгиева, Мето Јовановски, Радмила Живковиќ, Ристо Шишков, Столе Аранѓеловиќ и Владимир Светиев.
Филмот е добитник на наградите: 1981 ФЈИФ, Пула, Златна арена за сценографија на Властимир Гаврик 1982 ФЕСТ Белград, Диплома за режија на Столе Попов 1982 МФФ Лос Анџелес, Диплома ФИЛМЕКС за Столе Попов 1982 МФФ, Сан Франциско, „11 Октомвриска награда“ за Столе Попов 1982 „Седум секретари на СКОЈ“ за актерското остварување на Данчо Чевревски.