Охрид ќе биде домаќин на машкиот ракометен Куп на Македонија 2016

Откако неделава беа извлечени полуфиналните двојки од Завршните турнири во Купот на Македонија 2016 во машка и женска конкуренција, денеска Ракометната Федерација на Македонија ги одреди локациите каде ќе се одиграат натпреварите.

Завршниот турнир во машка конкуренција ќе се игра во Охрид во салата „Билјанини Извори“, додека пак домаќин на Завршниот турнир во женска конкренција ќе биде Скопје и салата „Автокоманда“.

Фајнл Фор – Куп на Македонија, мажи
Распоред на натпревари, сала „Билјанини Извори“ – Охрид:
Полуфинале (13 мај, петок, 17:30) Металург – Вардар Јуниор
Полуфинале (13 мај, петок, 20:00) Охрид – Вардар
Финале (14 мај, сабота, 17:30)

Фајнл Фор – Куп на Македонија, жени
Распоред на натпревари, сала „Автокоманда“ – Скопје:
Полуфинале (13 мај, петок, 14:00) Вардар Јуниор – Металург
Полуфинале (13 мај, петок, 16:15) Вардар – Куманово
Финале (15 мај, недела, 17:00)